Електричниот бојлер „голта“ најмногу струја, но тоа може да го спречите – еве како

И натаму сведочиме на растот на цените на енергенсите и струјата, а се случува и да потрошиме повеќе отколку што треба.

Едноставно не сме свесни за некои трошоци, а еден од главните виновници за тоа е бојлерот.

Бојлерот спаѓа во уреди кои трошат најмногу електрична енергија во домот, а тој може да биде одговорен за дури 23 отсто од потрошената електрична енергија.

За поголем дел од уредите најочигледно решение е да ги исклучите од струја додека не ги користите, а еве како може да го „скротите“ електричниот бојлер, за кој експертите проценуваат дека е еден од најголемите енергетски „вампири“ во домаќинството.

Имено, за само еден час работа, бојлерот троши 2 kWh струја.

Доколку бојлерот работи секој ден по два и пол часа, месечно троши вкупно 150 kWh, пренесува „City Magazine“.

На поголем дел од бојлерите температурата е однапред наместена, но за да заштедите, термостатот на бојлерот наместете го на економично греење, односно на температура меѓу 50 и 60 степени Целзиусови.

Освен што е непотребно, прегрејувањето на водата (на 75 или дури 85 степени Целзиусови) предизвикува поголема потрошувачка на струја, но и брзо пропаѓање на бојлерот и создавање камчиња.

Препораката е електричниот бојлер редовно да го одржувате, односно бојлерот и грејачот да се чистат еднаш годишно. Зуењето и „пукањето“ на бојлерот кога ќе го вклучите вообичаено е јасен знак дека околу грејачот се наоѓаат наслаги од камчиња кои треба да ги отстраните.

Електричниот бојлер се исклучува само кога подолго време нема да ви е потребна топла вода.

Најмалку струја, како што велат експертите, троши доколку бојлерот е правилно наместен и постојано вклучен.