Милевски: Ние ќе дадеме се од себе да презентираме дека Македонија игра добар фудбал

Пред мечот со селекцијата на Грузија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски изјави дека тие играат многу поразлично од оној историски бараж за пласман на ЕП.Во моментов Грузија е во форма, но Македонија е дојдена тука по трите бода.

„Никогаш не се навраќам на она што поминало. Дали Грузија е поквалитетна или не, покажуваат резултатите. Грузија е во форма, но играат многу поразлично од претходно. Што е тука е, ние сме подготвени да ги минимизираме тие пропусти и грешки од првиот меч, и ќе дадеме се од себе во нашите можности да презентираме дека Македонија игра добар фудбал“, изјави Милевски.

„Ако не мислиме дека сме способни за победа, не би доаѓале тука. Во Скопје мислам дека заслуживме повеќе, но фудбалот е таков. Грузија не заслужи победа во Скопје, но тоа не значи дека не сме дојдени тука да победиме – дополни Милевски во својата изјава во пресрет на мечот со Грузија.