Савевски ги одбра ракометарките за двомечот со Норвешка (ФОТО)

Селекторот на македнската женска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот со ракометарки за пријателскиот двомеч против Норвешка во Скопје.

Пријателските натпревари се играат за време на ЕХФ неделата. Првиот меч ќе биде од затворен тип, тој се игра на 29 септември. Вториот дуел е на 1 октомври со публика во салата „Борис Трајковски“, влезот ќе биде слободен.