Скопјанка пријавила дека залутан куршум завршил во нејзиниот дом

На 21.09.2022 во 08.00 во Полициската станица Чаир, М.Б.(46) од Скопје пријавила дека на 20.09.2022 околу 22.00 часот залутано зрно од огнено оружје паднало на кровот од помошната просторија во нејзиниот дом на подрачјето на Чаир.

Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, која го подигнала зрното за понатамошна постапка.