Вo понеделник средба Макрон – Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц на 3 октомври во Берлин ќе има средба со францускиот претседател Емануел Макрон, соопштија денеска од Елисејската палата.

Според информациите, двајцата официјални лица ќе разговараат за последните случувања во врска со војната во Украина, како и за европската енергетска криза.