Го сруши рекордот во алкохолизмот: Многумина останаа во неверување откако дознаа што му поминало низ рака за 17 часови

Англичанецот Нејтан Кримп е горд сопственик на Гинисовиот рекорд во кој се обидел да посети што повеќе пабови во рок од 24 часа. На крајот успеал да се напие во дури 67 пабови за 17 часа.

Кримп, кој бил придружуван од двајца пријатели, требал да го надмине рекордот на Герет Марфи од 56 пабови за 10 часа во Кардиф претходно оваа година.

– Тоа беше најтешкото нешто што сум го направил. Целосно потценив колку всушност ќе биде тешко, изјави Кримп за „Liverpool Echo“.

Младиот рекордер рече дека планот бил да се обиде да остане трезен во првите 25 пабови, но тоа е невозможна мисија по 15 пабови.

– Морав малку да помешам, па пиев алкохол во еден бар, а безалкохолен пијалок во друг, објасни Кримп за својата неуспешна тактика.

Правилата на Гинис бараа Њетан да се напие пијалок во секој паб што го пие и да зачува докази во форма на сметки и потписи на сведоци.