Излета возило на патот Тетово-Требош, малолетник е тешко повреден

Седумнаесетгодишник од селото Добарце, Општина Желино е тешко повреден синоќа во 21 часот и 55 минути во сообраќајка на локалниот пат Тетово-Требош, по излетување на возилото во кое бил сопатник.

Автомобилот го управувал две години постаро момче од истото место.

– На локалниот пат Тетово-Требош патничко моторно возило „Форд” со италијански регистарски ознаки управувано од 19-годишниот Е.Р. од тетовско Добарце излетало од коловоз. Во несреќата, сопатникот во возилото, 17-годишник од истото село здобил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, а возачот телесни повреди, информира СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.